Адвокатско друштво ГАВРИЛОСКИ и АНДРЕЕВ ја разбира фактичката основа и влијанието што судските постапки можат да го имаат врз бизнисот на клиентите. Ова знаење нè води во создавање практични стратегии и преземање одлучни чекори кога е потребно.
Нашите адвокати креираат прилагодени правни стратегии базирани на длабокото познавање на индустријата и клиентите. Нудиме јасни и детални оценки на ризиците и можностите во парниците, со цел да обезбедиме економски најисправни резултати што одговараат на бизнис целите на клиентите.
Застапуваме домашни и странски клиенти во комерцијални и договорни спорови од различни сфери, опфаќајќи толкување и спроведување на договори, нелојална конкуренција, барања за гаранции, оштети, деликти и осигурително право.
Исто така нудиме експертиза во алтернативни методи за решавање спорови: вонсудски порамнувања, арбитража, медијација и преговори.
Наши услуги:
- Медијација
- Вонсудско спогодување
- Посредување
- Преговарање